Муслиу со пофалби за ВМРО-ДПМНЕ: Позитивно изненаден од говорот на Мицксоски, најинтересен е општествениот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алберт Муслиу политичкиот аналитичар денеска во вестите во Телма телевизија во врска со пораките на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека доктрината на ВМРО-ДПМНЕ носи и сериозни кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ, говорот на Мицкоски добро осмислен, со добро поенти, најинтересен е делот за општествениот договор, а вакви политики се најавувaат обично како политички определби за нови избори.

-Промената на доктрината не подразбира само терминолошки промени, туку и сериозни и внатрешни промени, сепак истата е во најава и нејзин почеток, кој тоа ќе го прави и осмисли и реализира веројатно би било јавно објавено, но некои најави кои се укажаа во говорот кој сметам дека беше добро осмислен и добро поентираше во некои делови, најавуваат и сериозни внатрешни промени, вели Муслиу.

Муслиу вели дека промените кој ги најавил Мицкоски на вчерашниот говор веројатно ќе донесат и кадровски промени во партијата.

-Вакви политики обично се најавуваат при програмски определби за нови избори особено во сферата на економијата, социјалата, здравството итн. Но, мене ми беше нај интересен овој дел за новиот општествен договор, ќе видиме како тоа го замислиле во ВМРО-ДПМНЕ, посочи Муслиу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This