дома Магазин Мухиќ: На ЕУ и одговара ова што го прави Бугарија

Мухиќ: На ЕУ и одговара ова што го прави Бугарија

Апсурдно е да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување што е содржано и во самата Конвенција за човекови права, нагласи универзитетскиот професор Ферид Мухиќ во „Само интервју“ вечерва на ТВ Канал
– Ме вџаши мотивот на бугарското вето. Ако доброволно не го сменевме името, ќе ни беше наметнато. Со промените, немаме наша историја до седмиот век, а од тогаш некој сака да покаже дека историјата ни е заедничка со Бугарија. Тоа е нешто за што не треба да се разговара. И јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со Европската Унија. Тоа е несфатливо, рече Мухиќ.

Ги слушнавме, вели тој, „експлицитите кои говорат дека до 1944 година сме биле Бугари, а потоа Македонци“.

– Не се разговара за вакви прашања. Правото на самоопределување е суверено, а ова од Бугарија е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права. Иван Асен Втори е подемот на бугарската историја додека Цар Самоил е Ермен и своето царство го основал на македонска територија. Да не забворавиме дека Турција беше овде до 1911 година до кога немаме никаква заедничка историја. Ова е без преседан. Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан, потенцира универзитетскиот професор.