дома Актуелно МУХИЌ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО: Името ни го сменија...

МУХИЌ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО: Името ни го сменија на cилa, која друга Европска држава е спремна да се откаже од идентитетот?

Екс пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ ја отвори душата околу промената на името во гостувањетo во емисијта „Само Вистина“. Тоа беше непотребно вели тој, цената е превисока истото го мисли и за договорот со Бугарија, договорите со Грција и Бугарија се асиметрични на штета на Македонија, ниту еден народ од ЕУ не би прифатил да си го смени името да се откаже од идентитетот.

-Или гласав спротивно на своето убедување што тогаш фрла сенка врз мојот морален интегритет или го сменив моето мислење што фрла сенка врз мојот интелектуален капацитет. Ги прифаќам и двете импликации на мојата постапка, со оглед на тоа што таа беше експонирана, јас бев дефакто единствениот што гласаше против. ВМРО излезе, се разбира од СДСМ и коалицијата никој не гласаше против. Единственото црвено копче беше пртиснато од мене. Јас сум се уште убеден дека тоа беше непотребно, сигурно е дека донесе огромни промени на подобро и дека го реши проблемот со Грција која би блокирала сега не блокира. Мислам дека цената е превисока, истото го мислам и за договорот со Бугарија и него го критикував и тоа овде токму во оваа телевизиска куќа зошто гласав и против тој договор, бидејќи со соседите можеме да се смириме почитувајќи се како рамноправни. Овој договор е нерамноправен или асиметричен во двата случаја за македонската страна. Се вели дека со тоа го победивме национализмот кој никаде не е во мода, па ајде да видиме дали Европска Унија сега се согласува да го напушти помиот, Шпанци, Германци, Французи, Италијани и прифаќа да бидат Европејци. Која држава од членките на ЕУ би се согласила на тоа. Ниту една, вели тој.

Мухиќ уште еднаш потенцираше дека тоа не е нужно зло туку дека Македонија била принудена на сила да си го промени името.

-Не знам дали беше ова нужно зло. Дури како што реков Чесите и Словаците не сакаат да бидат веќе Чехословаци, значи национализмот е многу силен. Зошто кај нас се бара нашиот национализам да не биде присутен. Зошто се велеше доста со тие ретроградни национализми, само кај нас во Македонија. Нема Европска Унија, народ Европејци. Мислам дека во таа смисла не може да се оправда ниту етички, ниту со аргументите на ништо друго освен на сила. Македонија беше принудена, не е нужно зло, ова болест е нужно зло. Македонија беше принудена на сила, забележа Мухиќ.

Тој посочува дека барањето е нелегитимно, но дека доколку не се случеше факторите кои работеле на промена на името ќе направеле поголеми проблеми внатре. Јас така да кажам се молев да не се случи мојот глас да биде решавачки. Почекав 15 секунди имаше 79, заврши тој.