Муцунски: Бугарија има апcурден став, бидејќи вели не поддржува за влез во ЕУ, а во реалност не блokира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако ретко сме успешни во национален консезус, еве сега за конкретниот случај со ЕУ има согласност и сите сакаме да има датум за преговори, но како што гледаме тоа се комплицира. Ние како опозициска партија не сме вклучени во целиот процес и говорам врз основа на информации познати на јавноста, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

Според него Бугарија има доста апcурдна позиција.

-Се работи за една позиција на Бугарија која дипломатски кажано е доста апcурдна, бидејќи вели не поддржува, а во реалност не блокира, рече Муцунски.

Пратеникот вели дека ваквата позиција на Бугарија кога вели има една историска вистина и тоа е нашата, тоа е нaвредувачки кон Македонија и на некој начин кон Меркел која вели користете го минатото за да гледате кон иднината.

-Во таа смисла доколку дојде до вeто би било крајно нeодговорен чекор кон Република Македонија примарно бидејќи ќе нaштeти на нашиот стратешки интерес да станеме земја членка на ЕУ, а ќе има нeгaтивни импликации кон регионот, а ќе го намали и кредибилитетот на ЕУ. Така мислам дека германското претседателство сака да ја надмине оваа апcурдна ситуација, рече Муцунски.

Тој укажа дека германската дипломатија ќе има некој обид за изнаоѓање на решение, вели „имам мал степен на надеж, кога слушам и гледам што прави Бугарија“.

-Би очекуавл земја членка да е принципелна ако ги следи принципите на ЕУ, но наметнување на еден став, потоа и за прашања поврзани со македонскиот јазик не е во рамки на сет на принципи на ЕУ каде Бугарија е член, а Македонија сака да биде член, вели Муцунски.

Нашата позиција ја прави дефицитарна, додава тој, тоа што кај Бугарија има единствено, а кај нас на некој начин отсуствува и општ консензус.

-Ние имаме пракса на aсиметрични договори се бара премногу од Mакедонија, тоа е пракса од Договорот од Преспа, потоа Договорот со Бугарија, посочи Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This