Муцунски: Власта молчи на барањата на ВМРО-ДПМНЕ да се зацртаат црвените линии до кои прашања може да се преговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Техничката Влада на Бугарија нема да иде спротивно од Декларацијата на бугарскиот Парламент кој што воспоставува многу кристални национални црвени линии. Ајде да си ја поставиме дилемата, ако сите се согласуваме, дека не преговараме за идентитет, не преговараме за јазик, не преговараме за историја, не преговараме за национални малцинства патем не ни смееме по меѓународното право, но ако сите тука се согласуваме дајте и нашата држава Република Македонија да воспостави национални црвени линии во Парламентот“,истакна Тимчо Муцунски, пратеник во гостување во емисијата „24 анализа“.

Муцунски додаде дека така ќе бидат полесни позициите на Македонија во надворешната политика, ако се исцртаат црвените линии, дека преговори по одредени прашања не треба да има.

„Премиерот среде кампањи и среде Брисел да потсетам кажува дека нема да промени уставно име, но го промени уставното име. Има кажувано дека нема да преговара по одредени прашања, не само што преговара туку потпишувал и меѓународни договори кои што потоа ги ратификуваше Собранието, токму за такви прашања за кои што истиот кажувал дека нема да преговара. Јас и верувам на праксата, јас не можам да верувам на зборовите на некој кој што многу често си ги погазувал зборовите“, потсети Муцунски.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара седница на која што ќе се разговара за барањата кои што ги има доставено Бугарија, но власта не прави кворум, и седницата не може да се одржи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This