дома Македонија Муцунски: Да размислиме зошто половина од граѓаните не гласаа

Муцунски: Да размислиме зошто половина од граѓаните не гласаа

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, им се заблагодари на граѓаните, пред се во ИЕ 1, каде тој е кандидат на партијата, и таму е избран за пратеник.

Тој за Сител телевизија рече дека треба да се почека да се дообработат податоците.

-Да размислиме зошто половина од нашите граѓани не гласаа. Да размислиме како да ја вратиме нивната доверба и да ги привлечеме во политичкиот систем, рече Муцунски.

Тој е сигурен дека е избран за пратеник и тоа ќе го преземе како огромна одговорност.

-Јас со сета моја енергија ќе се борам оваа земја да биде попристојно место за живеење. Да го смениме пристапот, јас почуствував кон мене негативна кампања, треба да ја смениме, тоа е една од причините зошто граѓаните не гласаат, рече Муцунски.