Муцунски: Канадскиот премиер прв ме внесе во дискотека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aктуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски гостуваше во утринската програма на „Сител“ и раскажа дека како средношколец во Канада имал помош од актуелниот канадски премиер Џастин Трудо да влезе во дискотека.

– Четири години учев средно во Канада заедно со сестрата на Џастин Трудо. Со Алиша (Кемпер) се дружев и учевме во ист клас, кој беше доста мал и сѐ уште сме во контакт. Трудо тогаш беше заменски наставник во училишта и менаџер во Отава на ноќни клубови. Тогаш ние стапивме во комуникација со него и тој беше првиот што не внесе во дискотека. Џастин ни помогна за прв пат да влеземе во дискотека во Канада – рече Муцунски.

Градоначалникот на Аеродром додаде дека на факултет се запишал на 16 години, адипломирал на 19 пред да стане доцент на Правниот факултет.

Како Аеродромец, вели дека за викенд често носи тренерки и спортски патики.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This