дома Македонија Муцунски на средба со др. Стојанoски: Нула кopупција во здравството и стандардизација...

Муцунски на средба со др. Стојанoски: Нула кopупција во здравството и стандардизација на квалитетот на здравствените услуги

Кандидатот за пратеник во Изборната единица ,1 Тимчо Муцунски, денеска имаше можност да поразговара со доктор Синиша Стојаноски за проблемите кои неговите пациенти му ги пренесуваат секојдневно.

-Доктор Синиша Стојаноски, професор и еден од најдобрите доктори по патолошка физиологија, задоволство ми беше да поразговарам со него за проблемите кои неговите пациенти му ги пренесуваат секојдневно.

Еден доктор и еден правник можат да направат многу за подобрување на здравствените услуги на граѓаните, со посветеност и прецизност да детектираат решенија за креирање и спроведување на здравство базирано на пациентите ⚖️🩺

》Потребна ни е Национална здравствена стратегија која ќе ги заштити докторите и здравствените работници да заработуваат достоинствено во согласност со нивниот труд и пожртвуваност, да влееме мотив да останат во Македонија.

》Нула корупција во здравството и стандардизација на квалитетот на здравствените услуги.

》Стратегија за млади лекари која ќе утврди методологија правци и начини за поддршка на младите лекари во Македонија.

》Целосна дигитализација и олееснување за граѓаните во издавањето рецепти, упати, извештаи и резултати, како и интегриран електронски систем Е-медицинско досие за секој пациент.

#ОдбериОбнова #здравство #СеОбврзуваме 🇲🇰, стои во неговиот пост на Фејсбук.