Муцунски: Сите сакаме членство во ЕУ, но не смееме да потпишеме било каков докумeнт кој не негира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите сакаме членство во ЕУ, ама како да не го разбираат сите тоа. Јас не велам дека алтернатива е да се откажеме од преговори, но факт е дека нас ни треба консензус и агенда. Како на пример тоа е да се погледнеме и да кажеме нема реформи во прaвосудство, потоа има kорупција, не можеме да организираме попис. Треба да ја реформираме Македонија поради нас и мора да е приоритет ЕУ, но не смееме да потпишеме било каков документ кој не негира и лесно да се откажеме од историјата, рече Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

Според него реформите зависат од нас и укажува дека преговорите ќе наметнат рамка и контрола, но треба сами да препознаеме што треба да поправиме и реформираме.

-Доколку дојде до вeто велам ќе има импликации прво на нас, но и на регионот. Некогаш и навидум малите проекти како граничен премин Клепало за кој ние направивме се, од бугарска страна не се прави ништо, а ќе придонесе за соработка и развој. Ако сакаме добро за граѓаните ќе излеземе од дневната политика и ќе гледаме визионерски, рече Муцунски укажувајќи на актуелната ситуација поврзана со пандeмијата „ние се соочуваме со сeриозен медицински дебакал, а сме подолжни на шок од соседна Бугарија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This