April 18, 2024, 11:27 pm

Муцунски: Собранието не е блokирано, тоа е едно апстрaктно и нереално образложение на Владата за немањето на капацитет да се реализираат реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека не смета оти Собранието е блокирано од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас искрено не мислам дека Собранието е блокирано, тоа е едно апстрактно и нереално образложение на Владата за немањето на капацитет да се реализираат реформи“, посочи Муцунски.

Тој додава дека е точно дека аргументираат и дебатираат врз основа на амандмани, ставови по голем број закони.

„Доколку Владата сака опозицијата да поддржува закони, тогаш се очекува дека Владата ќе ги прифаќа амандманите по конкретни закони дадени од страна на опозицијата. Кога истите не се прифаќаат како амандмани, ние не можеме да дадеме поддршка за проекти законски кои што сметаме дека се погрешни и не дека ќе доведат до благосостојба, туку ќе создадат штета во различни области“, вели Муцунски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This