Муцунски: Сpaмота е СДСМ да нe дојде на седница каде се говори за прашање од крyцијален и национален интерес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повикувајќи се на членот 29 и членот 30 од Деловникот, прво што треба да констатирам во интерес на јавноста на која што не следи и гледам дека има и сериозен интерес од страна на медиумите е фактот дека за некое прашање кое што е од кpуционален и национален интерес, прашање кое што е многу значајно за иднината на нашата земја, ние сме соочени со де факто бojкот на работата на работните тела на Собранието. Не присуството и не доаѓање на седниците е боjкот, истакна пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска седница.

Муцунски додаде дека СДСМ е политичка партија која што го боjкотираше Собранието кога беше во опозиција. СДСМ е политичка партија која што го бојкотира Собранието кога е на власт.

-Оттука јас би го додал и моето лично мислење, дека наше место како пратеници е во работните тела, на пленарната седница, да работиме во интерес на тие кои што го делигитирале нивниот суверенитет да бидеме нивни претставници во Собранието. Секој чекор напред во остварувањето на нашето полноправно членство во ЕУ е исклучителен важен и секако треба да биде поздравен, бидејќи претставува заеднички успех во која е вложен трудот, знаењето и умешноста на повеќе генерации во последните скоро 30 години. Истовремено сакам да посочам дека е од повеќе од неопходно навремено и превентивно да разговараме и да ги анализираме отворените прашања кои можат да бидат причина за евентуалниот застој или попречување на тој пат, вклучувајќи ги и оние кои што се поврзани за прифаќањето на преговарачката рамка и потенцијалниот почеток на преговарачкиот процес, појасни Муцунски.

Муцунски посочи дека го загрижува фактот што и покрај постоењето на ратификуван договор за пријателство и добрососедство со Република Бугарија кој што беше своевремено најавуван како историски исчекор напред во развојот помеѓу односите на двете држави, зачестените најави на бугарски официјални лица и реалноста ни покажуваат дека се соочуваме со сосема поинаква слика проткаена со притисоци кои истовремено не ни дава реална верба и оптимизам дека во блиска иднина е возможно изнаоѓање на соодветно решение.

-Покажаната голема флексибилност кон нашиот источен сосед очигледно не беше доволно силен аргумент да се надминат се уште присутните бариери од минатото. Како Европа така и ние искрено очекуваме дека заедничкото претседавање на Република Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес ќе придонесе кон поголема соработка, зголемување на пријателство и партнерскиот однос и взаемното разбирање, нагласи Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This