April 25, 2024, 12:50 pm

Муцунски: Heдозволиво е политичар како Заев да преговара за јазикот и идентитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимчо Муцунски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за скандалозната изјава на Зоран Заев и рече дека недозволиво е во 21 век политичари да преговараа за права кои се неотуѓуви како што правото за јазикот, идентитетот.

-Би сакал примерно да кажам две работи. Прво ние како политичари треба да бидеме свесни за одговорноста на секој еден наш јавно искажан збор. Таа одговорсност по мене посебно во оваа ситуација има два елементи. Одговорноста на едни вакви специфични изјави кои што ќе ги толкуваме веројатно понатаму може да имаат негативни импликации врз меѓународните позиции на државата но и дополнително да развијат сериозни фрустрации и многу длабока разочараност кја нашите граѓани. Значи тоа е прво нашата свест за оваа ситуација но и општо како политичари на секој наш јавен настап. Јас би рекол дека е недозволиво во 21 век политичари да преговараа за права кои се неотугиви, таквите права се поврзани поврзани со јазикот , таквите права се правата поврзани со напиот идентитет кои се на ниво на меѓународното право регулирани. Недозволиво е ние да си дозволиме да преговараме со било која држава , тоа е навредувачки, кажа тој.

Според Муцнски за историја може само да се дискутираат историчарите.

Не може политичари да толкуваат и да влијаат врз современа историографија. Улогата за толкувања, дебата , дискусија за историјата е на тие кои се компетентни, историчарите и во рамите на науката тие може да дискутираат, но нотурните факти посебно во современата историја која не е воопшто далечна, кои се општо прифатени на енкое европско глобално цивилизациско ниво ние како политичари колку и на некого тоа да делува примамливо во одреден момент немаме апсолутно никакво право да ги толкуваме на таков начин, додаде Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This