дома Хроника МУ ГО УКРАЛЕ МЕРЦЕДЕСОТ: Го оставил клучот во „Мерцедесот“, влегол и си...

МУ ГО УКРАЛЕ МЕРЦЕДЕСОТ: Го оставил клучот во „Мерцедесот“, влегол и си заминал

Ноќеска во Полициската станица Аеродром С.Т.(39) пријавил дека на 30.04/01.05.2018 година во времето од 17,15 до 02,15часот на булеварот “Трета Македонска Бригада“ на паркинг, од страна на непознат сторител било одземено товарно моторно возило марка “Мерцедес Спринтерфургон“ со скопски регистерски таблици.

Одземањето сторителот го извршил така што ја отворил незаклучената врата од возилото и со оргинал клуч кој бил на бравата го стартувал возилото и се одалечил во непознат правец со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се превземаат мерки за целоснорасчистување на случајот.