дома Хроника Мaлoлeтник нарачал над 600 пeтapди преку Фејсбук – пoлицијaта зacтaна нa пaтoт...

Мaлoлeтник нарачал над 600 пeтapди преку Фејсбук – пoлицијaта зacтaна нa пaтoт нa пpaткaтa

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против малолетник од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во декември 2020, тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ пронашол објава за продажба на пиротехнички средства, по што телефонски нарачал 604 парчиња, кои на 25.12.2020, при испораката на пратката, биле одземени.