дома Македонија МBP кажа „не“ за државjaнствата со тројца cвeдoци

МBP кажа „не“ за државjaнствата со тројца cвeдoци

Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ.

Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа.

Предлог-законот за државјанство го поднесоа албанските опозициски Алијанса за Албанците и Алтернатива при крајот на минатата година.

Предлогот предвидува оној што бара македонско државјанство, ќе треба да обезбеди изјави од три лица што ќе сведочат дека барателот живеел на територијата на Македонија до 8 септември 1991 година или, пак, изјава на само едно лице што во тој период било жител или сѐ уште живее во местото во кое живеел барателот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.