Мoрбидна сликa во Палермо: 1000 нeпoгрeбaни тeлa чекaат на рeд за пoгрeб веќе две години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од илјада ковчези со телата на починатите чекаат да бидат погребани во Палермо, објави новинската агенција Анса.

– Ковчезите се натрупуваат од есента 2019 година, а некои пукнаа поради неодамнешната неподнослива жештина, изјави директорот на локалните гробишта Ротоли, Леонардо Кристофаро.

Тој истакна дека „поради недостаток на гробови, како и поради високите температури, многу лешови почнале да скапуваат“.
Кристофаро предупреди дека ситуацијата бара итно поставување кутии во земјата или купување соодветни ковчези со цинк, кои помагаат да се спречи распаѓањето.

– Свесни сме дека без погребување на лешовите или набавка на ковчези со цинк, ситуацијата може само да се влоши, што исто така може да претставува опасност за здравјето на луѓето, нагласи Кристофаро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This