Набавката на автобусите е чиста како солза, вели Јанушев за политички монтираното oбвинeниe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Процедурата за набавка на новите двокатни автобуси е чиста како солза, повеќе од јасно е дека станува збор за политички монтиран процес, вели Игор Јанушев во изјава за Инфомакс, по обвинителниот акт кој против него попладнево го поднесе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според обвинението, Јанушев заедно со пријавената С.Ф.П. и Ј.Ј.А, а во договор со првопријавениот Миле Јанакиески постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него.

Со ова, се тврди во обвинението, е направена штета од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра.

Она што не го кажуваат од обвинителството сепак, е целосната постапка за набавката на двокатните автобуси, која неколкупати досега беше тема на разговор во јавноста, а речиси редовно се споменува пред распишување на било кои избори.

– Повеќе од пет години овој случај се користи за дефокусирање на јавноста и зацрнување на моето име. Јасно е дека станува збор за политички монтиран процес, со кој власта се обидува да го покрие разрешувањето на судијата-поротник Митко Сандев поради кој паѓаат во вода четири предмети на СЈО, вели Јанушев во изјава за Инфомакс.

Екс-директорот на ЈСП додава и дека ова е само обид да се покрие и можниот криминал направен додека траеше вонредната состојба.

– Внимавајте, овој предмет кој го зборуваат пет години го пуштаат во процедура сега, кога во јавноста излегува податок дека за време на вонредната состојба поради корона пандемијата дури 80% од договорите за јавнни набавки се склучени во четири очи.

Јанушев децидно демантира било каков пропуст во постапката, дотолку повеќе во оние делови за кои ОЈО ГОКК има срочено обвинителен акт.

– Демантирам било каков пропуст. Не е точно дека нема банкарска гаранција, има и за истото постојат и докази и обемна документација. Оваа постапка за набавка на двокатните автобуси беше и обжалена на второстепената Комисија за јавни набавки од каде добивме позитивно мислење, а жалбата беше отфрлена. Дури и Државниот завод за ревизија вршеше проверка на постапката и не пронајде никакви аномалии во истата.

Услов за тендерот, наспроти тврдењето на ОЈОГОКК не била најниската цена, вели Јанушев, објаснувајќи дека понудите биле бодувани од страна на комисија составенна од надворешни консултанти.

– Услов на тендерот не беше најниската цена, туку техничките карактеристики како јачина на мотор, еколошки стандарди, тип на менувач итн. Се бараше и автобусите да бидат во ретро-дизајн како автобусите од времето на 60-тите и 70-те во Скопје. Кинезите имаа подобри услови, понудија и неколку дизајни кои се уникатни само на Скопје. Другите не понудија ништо од она што беше побарано, вели Јанушев.

За спроведување на постапката за набавка на овие автобуси биле ангажирани и надворешни експерти.

– Понудите се бодуваа по претходно утврдена форумла за ваков тип на набавка, а бодувањето го вршеа надворешни консултанти. Едноставно, понудата на Кинезите беше подобра од другите и таа беше избрана.

Јанушев додава и дека од новите автобуси Скопје значително има добиено во обновувањето на возниот парк на јавното претпријатие, како и 70% намалување на загадувањето кое го предизвикувале старите автобуси. Слична е статистиката и по однос на заштедата која новите автобуси ја носат за градот Скопје во смисла на значително намалена потрошувачка на гориво и амортизација.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This