дома Русија Навални денеска се враќа во Русија и покрај најавите за негово апceње

Навални денеска се враќа во Русија и покрај најавите за негово апceње

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, денеска треба да се врати во Русија од Германија, каде што му беше укажана лекарска помош откако беше отруен со нервен агенс „Новичок“. Наскоро се очекува тој да полета од Берлин за Москва.

Навални во средата соопшти дека планира да се врати во Русија, за првпат откако беше затруен со нервниот агенс, во август 2020 година и покрај сериозниот ризик веднаш по враќањето од Германија да биде затворен.

Руската затворска служба претхнодно го повика Навални да се врати во Русија затоа што не ги испочитувал обврските за условната затворска казна што му беше изречена во 2015 година.

Навалнисе изјасни дека случајот против него е бесмислен, затоа што во во Германија бил за лекување поради труењето, па затоа и не можел да се пријави во Русија.

Затворската служба, меѓутоа, наведува дека тој бил ослободен од берлинската болница во септември и дека досега требало да се врати во Москва и да се пријави.