дома Спорт НАВИВАЧИТЕ ГО ПОВИКАА ДА СИ ГО ПЛАТИ ДАНОКОТ: А тој ги потсети...

НАВИВАЧИТЕ ГО ПОВИКАА ДА СИ ГО ПЛАТИ ДАНОКОТ: А тој ги потсети на освоените титули!

Кристијано Роналдо по поразот на неговиот Јувентус од Атлетико во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (0:2) потсети на освоените трофеи во елитното натпреварување.

За време на натпреварот, навивачите на мадридскиот клуб извикуваа „Кристијано, плати данок“, а тој им покажа пет прсти, алудирајќи на бројот на трофеи во Лигата на шампионите.

Португалецот има титула европски шампион со Манчестер јунајтед во 2008 година и четири со Реал Мадрид – 2014, 2016, 2017 и 2018 година.

По натпреварот, Роналдо исто така го повтори овој гест пред новинарите и додаде:

„Пет пати сум ја освоил Лигата на шампионите“, а Атлетико ниту еднаш.