дома Македонија НАВРЕМЕНО И БЕЗ ПРОБЛЕМИ: Мирно и демократски се одвива гласањето во прилепско-крушевскиот...

НАВРЕМЕНО И БЕЗ ПРОБЛЕМИ: Мирно и демократски се одвива гласањето во прилепско-крушевскиот регион

Од 10 до 3 отсто е излезноста на избирачките места во Прилеп,Крушево,Кривогаштани и во општина Долнени.

Според првичните информации од Општинските изборни комисии и Избирачките одбори и од партиските штабови првиот изборен круг за претседател на државава одминува без никакви проблеми.

Во Крушево на 23 избирачки места денеска правото на глас можат да го остварат 7983 избирачи, во Кривогаштани на 13 избирачки места треба да гласаат 4678 .

Во Долнени – општина со 11.502 избирачи има 40 избирачки места, а во Прилеп со евидентирани 63 илјади и 989 бирачи навреме се отворени 142 избирачки места.

Граѓаните очекуваат фер демократски избори и подобар прогрес и за државата и за младите.

Изборниот тек во четирите општини го следат повеќе граѓански организации и ОБСЕ.

Засега забелешки за текот на изборите нема ниту од посматрачати, ниту од избирачките одбори.