Навpeди од грчки коментатор: Еве како не нарекувале на Европско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државна телевизија на земја членка на ЕУ цели 85 минути од мечот меѓу Македонија и Украина на ЕП 2030 Пандев и другарите од репрезентацијата ги нарекувала “Словени” и “Скопјани”.

Ова го открива колумнистот на CypriumNews Том Кливер кој смета дека барањето на Грција за бришење на кратенката ФФМ на дресовите на македонските фудбалери се користи за да може да продолжи малтретирањето на моќната Грција кон малата Македонија.

“Имав несреќа да го гледам вториот натпревар на Македонија, против Украина, преку државната телевизија на Кипар, каде до 85-та минута од натпреварот ниту еднаш не беше спомнато името на земјата. Пред тоа, меѓу другото, тие беа нарекувани „словени“ и „скопјани“. Кипар не е потписник на Договорот од Преспа, бидејќи е билатерален меѓу Македонија и Грција, но со оглед на трајното блиско усогласување на кипарските Грци со Грција, се чини дека ова е чин на ситничавост и инает, а не како одмазда”, пишува Кливер.

“Што се однесува до мене, целата оваа епизода околу акронимот на комплетот на фудбалски тим е бура во чајчето што ја прави грчката влада со цел да искористи некаков изговор за да продолжи да малтретира многу помалиот и посиромашен северен сосед”, пишува авторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This