дома Политика НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА: Заев очекува дека по 29 јануари мандатот за формирање...

НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА: Заев очекува дека по 29 јануари мандатот за формирање на влада ќе бидел во рацете на СДСМ!

Според Заев, политичката криза ќе заврши со формирање влада и како шеф на опозицијата тој верува дека владата ќе биде предводена од СДСМ

 

Искрено очекувам дека после 29 јануари мандатот за формирање влада ќе биде во наши раце, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по судењето за случајот „Поткуп“ каде што тој е осомничен.

– Секако, мандатот е во рацете на Никола Груевски. Тој треба да ги даде своите коментари, своите образложенија. Ние како опозиција во моментов немаме мандат за да составуваме влада. Јас искрено очекувам дека после 29 јануари мандатот ќе биде во наши раце. Зошто? Заради сите аргументации што целата јавност ги знае, а тоа е дека мнозинството граѓани, преку 612.000, се определија за промени. Наспроти тоа, сите прагматични и практични сегашни моменти во Република Македонија покажуваат дека промени ќе се случат, тие се здрави за државата – рече Заев.

На прашање кои се нивните позиции во однос на преговорите за формирање идна влада, Заев рече дека нивните ставови ќе ги соопштат штом ќе дојде време.

– Навлегувајќи во последните денови од мандатот на Груевски да формира Влада, кои истекуваат на 29 јануари, веројатно ќе бидеме принудени да ги соопштиме своите позиции во поглед на актуелниот момент. Штом ќе дојде време, верувајте, ќе ги кажеме своите ставови – рече Заев.

Според него, политичката криза ќе заврши со формирање влада.

– Секако, како шеф на опозицијата верувам дека владата ќе биде предводена од СДСМ – рече Заев.