дома Балкан НАДРИЛЕКАРОТ МИРОЉУБ ПЕТРОВИЌ ИЗВЕДЕН ПРЕД ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ: Лечел болни од тумор...

НАДРИЛЕКАРОТ МИРОЉУБ ПЕТРОВИЌ ИЗВЕДЕН ПРЕД ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ: Лечел болни од тумор со тинктура!

Лесковачката полиција го сослуша Мирољуб Петровиќ кој беше осомничен дека се занимава со надрилекарство.

Во рамките на предистражната постапка која пред пет дена ја покрена Вишото јавно обвинителство во Лесковац, полицијата спроведува темелна истрага, пренесува Блиц.

Истрагата би требало да открие дали Мирољуб Петровиќ се занимавал со надрилекарство и лечел тешко болни пациенти со тинктура и ги одвраќал од посета на лекар, како што кажуваат членови на нивните семејства.

Петровиќ ја дал својата прва изјава во врска со обвиненијата на Билјана Јовановиќ, сестра на Славица Петровиќ, која починала од тумор на мозокот.

Весникот открива дека Петровиќ ги негирал сите обвиненија кои Билјана јавно ги изнела.