дома Балкан Над два милиони граѓани примиле две дози на вакцини во Србија

Над два милиони граѓани примиле две дози на вакцини во Србија

Вкупниот број на дадени дози вакцини против коронавирус во Србија е 4.527.079. Вкупно 2.019.777 граѓани ги примиле двете дози.

Како што јавуваат спрските медиуми, вкупниот број на граѓани кои ја примиле првата доза и оние кои ги примиле двете дози е 2.507.302.

Министерката за труд и социјални работи, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, кажа дека досега се вакцинирани околу 90 проценти од корисниците на установите за социјална заштита и нешто помалку од 80 проценти од сите вработени во институциите за социјална заштита.

„Тие се покажаа како исклучително одговорни, совесни. Тие покажаа што значи да се грижиш за сопственото здравје и што значи да се грижиш за колективот“, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.