дома Хроника Над 100 kaзни за брзо возење за само пет часа во тетовско

Над 100 kaзни за брзо возење за само пет часа во тетовско

Денеска (05.12.2021) од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле санкционирани вкупно 105 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина (ТЕ-76 и ГВ-29). Од нив 10 возачи (ТЕ-7 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возачи (ТЕ-19 и ГВ-7) за повеќе од 50 километри на час над дозволеното.
Aпелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.