April 25, 2024, 11:20 am

Над 1500 пациенти со ковид се лекуваат на инфekтивните оддели во главниот град и во болниците низ земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.

Вкупно 587 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This