дома Македонија Над 1600 деца приjaвени за вakцинација

Над 1600 деца приjaвени за вakцинација

Денеска до пладне 1623 деца и млади од 12 до 18 години биле пријавени за вакцинација против Ковид-19. Според податоците од „Мој термин” најголем број се од Скопје за во Поликлиника „Букурешт“ имало 376 заинтересирани малолетници, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101, „Бит Пазар“ – 5. Најмалку односно само по 1 има во Кратово, Македонска Каменица, по 2-ца во Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод. Во Тетово има 103 пријавени, а во останатите градови под 100 (Битола – 99, Куманово – 86, Охрид – 76, Велес – 70, Кавадарци – 53, Гостивар – 49, Струмица – 43, Гевгелија – 40, Штип – 38, Струга – 25, Неготино – 15, Кочани – 14), информираат од Министерството за здравство. Пријавувањето на вакцинација.мк трае и во текот на денот.

– Децата на возраст од 12-16 години кои изразиле желба за вакцинација во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постоечките вакцинални пунктови во градот каде го навеле при пријавувањето, велат од МЗ.

Инаку од почетокот на вакцинацијата без закажување и теренското боцкање, статистиката покажува дека за овие три дена мал е бројот на извакцинирани.

Прва вакцина против Ковид од понеделникот до вчера примиле околу 17.500 граѓани, а биле посетени 100-тина села, а во финкција се и 40–тина пунктови во болниците низ државата.

Досега комплетно вакцинирани во државата се 260.000 граѓани.

Александар Динев