дома Европа Назначен е новиот премиер на Франција

Назначен е новиот премиер на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го назначи конзервативниот политичар Жан Кастекс за премиер, откако Едуард Филип поднесе оставка.

Во краткото соопштение од Елисејската палата се наведува дека Кастекс е надлежен за формирање нова влада.

Кастекс (55) беше градоначалник на градот Прад, а на почетокот на пандемијата на коронавирус, тој беше назначен за координатор на спроведувањето на мерките на француската влада.

Поранешниот премиер Едуард Филип денеска даде оставка, откако Макрон најави реконструкција на владата, пренесува Танјуг.

Според Ројтерс, промените во владата се планирани со цел Макрон да обезбеди поголема поддршка за политиката за животна средина и да се обиде да ја врати довербата на разочараните гласачи.