дома КОВИД-19 (Коронавирус) Налогот на руската вakцина „Cпутник 5“ доби огpaничување на „Твитер“

Налогот на руската вakцина „Cпутник 5“ доби огpaничување на „Твитер“

Социјалната мрежа „Твитер“ го ограничи пристапот до официјалниот налог за промоција на „спутник 5“ – руската вакцина против коронавирусот.

На налогот е издадено предупредување дека пристапот до него е привремено ограничен бидејќи биле забележани „невообичаени активности“, иако корисниците сепак можат да пристапат на страницата и да прават кликови, пренесува „Ројтерс“.

„Се обидуваме да ја откриеме причината за блокадата“, се наведува во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој управува со нарачките, но и пласманот на вакцината на странските пазари.

Во соопштението се додава дека Фондот ќе побара од корисниците да пишуваат на „Твитер“ и да побараат налогот да се врати во нормала, за да може да ги сподели сите информации поврзани со вакцината.