дома Свет Намecто Tpaмп дa aпcи, апcaт демокpaтите – започнаа апceњата во Америка

Намecто Tpaмп дa aпcи, апcaт демокpaтите – започнаа апceњата во Америка

Џејк Анџели , кој со другите демонстранти упадна во Капитол во Вашингтон, гол до појасот и носејќи капа со рогови и офарбано лице, беше уапсен и е во притвор.

Ова го објави Министерството за правда на САД.

Анџели се нарекува себеси „Шаман на Канонот“, а неговите фотографии од Капитол го обиколија светот.

Тој е обвинет за провала и престој во зграда или на терен без законско одобрение и за насилно влегување и незаконско однесување на теренот на Капитол – се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Исто така, беше истакнато дека Анџели носеше копје, долго приближно 182 сантиметри, со американското знаме врзано веднаш под сечилото.

Анџели претходно изјави дека користел капа и го насликал лицето со цел да привлече внимание и да може подобро да ги сподели своите верувања во Канонот.

Се поверојатно е дека голем број луѓе кои учествуваа, ја охрабрија или помогнаа во акцијата која заврши со упад во зградата на Конгресот на САД во средата, ќе претрпат сериозни последици.

Бројни демонстранти идентификувани од снимките и фотографиите веќе ги загубија своите работни места, но допрва ќе се соочуваат со кривично гонење што може да заврши со децении во затвор. Некои членови на законодавниот дом можат да ги загубат своите места доколку биде прифатен законот што го изготви пратеничката Кори Буш.

Според тој предлог закон, Комитетот за администрација на Конгресот и Комитетот за етика треба да испитаат дали пратениците кои се обиделе да ги оспорат изборните резултати ја прекршиле заклетвата што ја дадоа при преземањето на функцијата, во која ветија дека ќе го почитуваат Уставот.

Доколку комитетите ги прогласат за виновни, тие можат да бидат протерани од Конгресот. Обид за оспорување на изборите, кои започнаа пред толпа демонстранти да упаднат во зградата на Конгресот, вклучува 12 републикански сенатори и повеќе од 100 пратеници од долниот дом.

Неколку републикански пратеници исто така учествуваа на протестите, сега се соочуваат со масовни петиции во нивните матични држави со барање за нивни оставки. Големи протести се одржаа во Хјустон со барање за оставка на Тед Круз, сенатор кој водеше обид за оспорување на изборите.

Граѓаните кои упаднаа во зградата, исто така, може да добијат 20 години затвор за своето однесување.

Нападот во моментот на објавување на изборните резултати е дополнителна отежнувачка околност. Вршителот на должноста јавен обвинител Мајкл Шервин вчера истакна дека сите правни опции се уште се на маса – вклучувајќи ги и обвиненијата за заговор и бунт против државата.

Досега се поднесени пријави против 55 лица, од кои 15 се за федерални злосторства, а Шервин најави дека ќе има уште. Обвиненијата вклучуваат кражба, поседување оружје и молотови коктели и напади врз сојузни службеници.

Истражителите исто така ќе ги интервјуираат сите припадници на полицијата кои ја обезбедувале зградата како сведоци, а исто така ќе поднесат обвиненија против полицајци за кои ќе се открие дека им помагале на демонстрантите. Снимките од некои полицајци кои се оддалечија и ги пуштија демонстрантите, како и оние кои направија селфи со демонстрантите, кружат на социјалните мрежи од средата.