дома Спорт Наоми Осака го освои УС Опен, а по финалето го облече дресот...

Наоми Осака го освои УС Опен, а по финалето го облече дресот на Коби Брајант (ФОТО)

Јапонската тенисерка Наоми Осака со пресврт со 2-1 во сетови ја победи Азаренка и го освои трофејот на УС Опен.

Осака лошо го започна мечот, првиот сет го загуби со убедливи 6-1, но успеа да се издигне и да се врати, наредните два ги доби со 6-3 и 6-3 и заслужено дојде до нејзиниот трет грен слем трофеј, втор на УС опен.

По мечот таа го облече дресот на Коби Брајант, велејќи дека овој дрес го облекува по секој меч и мисли дека и дава сила.