дома Хроника НАПАДИ И ТЕПАЧКИ ВО ЈСП: Група од седум-осум лица нападнале две момчиња,...

НАПАДИ И ТЕПАЧКИ ВО ЈСП: Група од седум-осум лица нападнале две момчиња, подоцна нападната и вработена и билетарница на ЈСП!

Две момчиња од Скопје се физички нападнати во автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие.

Едното момче на возраст од 16 години било нападнато од неколку непознати лица вчера околу 13 часот во автобус бр. 50 на автобуската постојка кај АСУЦ во населбата Автокоманда. Случајот во полиција го пријавила неговата мајка Р.К.

Истиот ден во 13:10 часот во полициската станица во Гази Баба, 18-годишниот Д.К. пријавил дека околу 12:30 часот во автобус на ЈСП со бр.68, кој се движел на релација од кино „Маџари“ до „АСУЦ“, без повод и причина бил физички нападнат од страна на седум–осум непознати лица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случаите

 Освен нападнатите момчиња, била нападната и вработена во билетарница на ЈСП на ул. „Жан Жорес“ во Скопје синоќа била нападната од засега непознат сторител, соопшти МВР.

Напаѓачот околу 19.30 часот на ул. „Жан Жорес“, поточно во билетарата на ЈСП бр.15 непознат сторител извршил разбојништво во обид над неа.

Вработената З.Л. (59) околу 19:30 часот ја отклучила и отворила влезната врата на билетарницата со намера да си замине, но била пресретната од напаќачот кој ја фатил за врат и ја турнал внатре. З.Л. пружила отпор, а напаѓачот ја фатил за коса и ѝ ја удрил главата од рамката на вратата, по што почнала да бара помош. Соседите од соседните станбени објекти слушнале, ги вклучиле светлата од дворовите и излегле надвор, по што сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информира МВР.