дома Uncategorized НАПАДНАТ И ОГРАБЕН СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СТАЈКОВЦИ: Од силата на ударот...

НАПАДНАТ И ОГРАБЕН СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СТАЈКОВЦИ: Од силата на ударот жртвата паднала на земја, по што бил ограбен

Во текот на вчерашниот ден во 17:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.Е. (50) пријавил дека истиот ден околу 17,00 часот на трим патеката во близина на спортското игралиште „Вембли“ додека  се движел, од позади грб му пришло непознато лице кое го удрило во пределот на главата по што пријавителот паднал на земја, а лицето му одзело црна кожна ташна во кој имал два мобилни телефони по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.