дома Хроника НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ: Се обидел да ги раздвои додека се тепале,...

НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ ВО СКОПЈЕ: Се обидел да ги раздвои додека се тепале, му се нафрлиле на полицаецот

Како што информира МВР, СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Б.А. (32) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Имено, вчера ( 26.04.), околу 02.30 часот во Скопје, додека двајца полициски службеници вршеле патролна служба по улица „Иван Хаџиниколов“ со службено возило „Шевролет Спарк“, го забележале Б.А. како физички напаѓа друго лице.

При обид да го легитимираат и преземат службени дејствија тој почнал да ги навредува, а во еден момент физички го нападнал едниот полициски службеник. Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Драчево.