дома Македонија НАПАД ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА: Напад врз ВМРО е и напад врз стабилноста...

НАПАД ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА: Напад врз ВМРО е и напад врз стабилноста и концептот на македоската држава!

СДСМ се обидува со заплашување и апсења на неистомисленици да владее со државата, истакна новинарот и аналитичарот Цветин Чилиманов на гостувањето во емисијата „Алфаскоп“ на Алфа Телевизија.

-Главниот генератор на оваа криза е партијата СДС која што сега ја превзема власта со методите коишто ни се добро познати. Очигледно немаат концепт на управување со државата коишто би водел кон смирување на кризната состојба и деискалација на состојбите, туку напротив, оние стари нивни техники и методи на владаеење коишто сме ги гледале во минатото со заплашувања, апсења. Само се обидуваат да кренат на што е можно повисоко ниво и сметаат дека сеуште ќе ја имаат поддршката на меѓународната заедница во тоа што го прават рече Чилиманов.

Чилиманв истакна дека Македонија влегува во четвртата година од кризата ако се брои од почетокот на објавување на снимките од страна на Зоран Заев.

-Гледаме дека главните проблеми на кризата не се отклонети. Покрајтоа што го добија тоа што велеа дека го сакаат, нели власта после која што ќе настапат живот и просперитет и напредок во меѓународните околности, гледаме дека ништо од тоа нема и дека единствено што таа партија може да направи е нејзин обид за зацврстување на власта преку уништување на сите што поинаку мислат, нивно масовно апсење. Практично имаме отворена војна од страна на Обвинителството и Судството против најголемата партија во Република Македонија а гаранцијата дека ова ке значи дополнителна криза во иднината е во тоа што ВМРО, партијата што ја напаѓаат е меѓудругото е единствениот носител на идејата за суверена, самостојна Македонија којашто сама ги носи своите одлуки и несамобитноста и правото на македонскиот народ, суверено да одлучува за својата иднина и за својата држава. Така да нападот врз оваа партија не е само напад врз поедници коишто денеска се во притвор, завори, прогонувани за ступидно обвинување за тероризам и така натаму, жени обвинети за тероризам, туку ова е напад врз стабилноста на Република Македонија, врз концептот на македонска држава којашто може да биде исклучително западнат и целиот регион. Така да навистина ние само влегуваме во поголема и посериозна и потешка криза со ова што го прават Социјалдемократите и нивните меѓународни помагачи во оваа ситуација потенцираше Чилиманов.