дома Македонија НАПАД ВРЗ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ: СЈО се претвори во она против што...

НАПАД ВРЗ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ: СЈО се претвори во она против што „шарените“ и СДСМ протестираа!

Конечно е јасно за каква слобода на медиумите се зборува СДСМ. СЈО се активира, започна прогонот на медиумите, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги посочи како непријатели. Очигледна е директивата по која рабои јавното обвинителство на СДСм – елиминација на сите замислени непријатели на аболицираниот криминалец Заев.

Специјалното јавно обвинителство денеска влегло во телевизија Канал 5. Од таму не откриваат што истражувале и каква документација побарале, бидејќи постапката била тајна, објави Алсат-М.

Плусинфо неофицијално дознава дека станува збор за барање за доставување документација, која нема врска со работењето на Телевизијата, односно дека таргетот е друг.

СЈО во петокот ја чешлаше документацијата и на Медиа принт Македонија, под чија капа се дневните весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.

Специјалното јавно обвинителство во петокот испратило свој тим во Медиа принт Македонија со задача да го провери финансиското работење на издавачката куќа која е сопственик на пет печатени и еден електронски медиум, објави Плусинфо повикувајќи се на извори од СЈО.

Како најави „Република“ во почетокот на месецов, СЈО тргна во спектакл повторно да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, за а може да преку медиумите на СДСМ/ СОРОС да се намали притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото.

„Зоран Заев беше убеден дека со помош на невладините организации под контрола на Сорос и со помош на чадорот ќе победи на изборите. Веројатно во тоа беа убедени и неговите сателити. Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар. СДСМ загуби на изборите, но Заев доби аболиција од Катица Јанева, која се откажа од случајот „Пуч“. Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите. Сосема е очекувано да почнат да работат амбасадорските линии и црвениот телефон на „Бихаќка“ со нови нарачки кои треба да се одработат од СЈО“ – објави Република пред две недели.