дома Македонија Напладне седница на Влада

Напладне седница на Влада

Владата денеска во 12 часот ќе ја одржи 119-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма.

-На седницата, на дневен ред покрај повеќе предлог-закони за изменување и дополнување на законите кои се однесуваат на подобрување на социјалната заштита, заштита на децата е и Информацијата за текот и прогресот на спроведувањето на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и млади, базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ), информираат од Владата.