дома Македонија НАПЛАТЕНИ РЕЧИСИ ДУПЛО: Колку чини најскапиот автобус марка ISUZU?

НАПЛАТЕНИ РЕЧИСИ ДУПЛО: Колку чини најскапиот автобус марка ISUZU?

Четирите, нови автобуси на метан, вредни неверојатни еден милион евра, а наменети за јавниот превоз во Прилеп, промотивно беа ставени во употреба,. Имено, додека локалните власти се фалат со бенефитите за граѓаните од исполнувањето на ова нивно предизборно ветување, опозицијата препозна kpиминал и злoyпотреба на јавните пари, пред се околу цената на чинењето на автобусите, потоа тендерската постапка за нивната набавка, како и немањето станица за метан во Прилеп.

Инаку, новите автобуси од јапонската марка „Исузу“, кои општина Прилеп, без меѓународна тендерска постапка ги набави преку „Аутомакедонија“ од Скопје, а за потребите на ЈП за ПУП, со пари од оштинскиот Буџет ќе се отплаќаат на четири годишни рати во висина од околу 15 милиони денари годишно и без камати. Според надлежните, главната придобивка од овие автобуси, освен што се еколошки и според ЕУРО 6 стандардите, е што ќе биле и многу поевтини.

На сајтот за возила Аутолајн најскапиот автобус од марката Исузу чини 150 илјади евра, се работи за дизел возило, но сепак цената е далеку помала од онаа на автобусите кои општината Прилеп ги набави неодамна.