дома Сцена НАПОЛНИ 103 ГОДИНИ: Холивудската легенда го прослави својот роденден

НАПОЛНИ 103 ГОДИНИ: Холивудската легенда го прослави својот роденден

Легендата на светската кинематографија, актерот Кирк Даглас наполни 103 години. По повод овој јубилеј во семејниот дом на Дагласови била одржана роденденска забава.

Каква била атмсферата преку социјалните мрежи покажа неговиот внук, Камерон Даглас кој на Инстаграм објави неколку фотографии. На една од објавените фотографии се гледа роденденската торта на Кирк, додека на последната е собрано речиси целото семејство и блиските пријатели. Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета Џонс не присуствувале на роденденот, бидејќи во моментов се наоѓаат во Индија.

Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запаметен и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.

Тој трипати беше номиниран за наградата „Оскар“ за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш, и тоа во 1996 година кога доби „Оскар“ за животно дело.