„Направена е најголемата изборна измaмa во историјата на демократијата“, oбвинyва Нетанјаху

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека новоформираната политичка коалиција која има намера да го отстрани од премиерската позиција е формирана како резултат на „најголемата изборна измама во историјата на демократијата“.

Нетанјаху ги темели своите обвинувања на неисполнети предизборни ветувања од Нафтали Бенет, националист, кој треба да го замени за премиер на Израел, истакнувајќи дека Бенет минатата среда објави коалициски сојуз со центарот на опозицијата, Jаир Лапид, иако вети дека нема да се дружи со левичари, центристи и Арапски партии.

Обвинувањата беа изнесени веднаш откако шефот на израелската служба за државна безбедност јавно предупреди на можноста за избувнување на политичко насилство во земјата, пренесува Ројтерс.

Иако датумот на изјаснување во израелскиот парламент до Кнесетот за новата влада не е утврден, се очекува тоа да се случи на седницата на 14 јуни, додава британската агенција.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This