дома Образование Народниот правобранител апелира да се скратат часовите за да не седат децата...

Народниот правобранител апелира да се скратат часовите за да не седат децата по цел ден со маски

Државната советничка на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустфава, во вечерашната дебата на „360 степени“изјави декка Народниот правобранител добил поголем број на поплаки од родители бидејќи децата носат заштитни маски по неколку часови во текот на денот као и дека имало реакции и од родители на деца со попреченост кои поради нивната здравствена состојба не смеат да носат маски, вели

Министерската за образование и наука, Мила Царовска, пак вели дека сите протоколи за наставата со физичко присуство биле изготвени од Комисијата за заразни болести и тоа врз основа на детални информации и бројки по возраст на децата и анализи за евентуална трансмисија на ковид-19 кај оваа популација.

„Укажуваме да се скратат часовите, бидејќи зависно во кое одделение се децата седат со маски по четири, пет, шест или седум часа, а имаат можност да ги тргнат маските само за време на одморите. Но, и тогаш, самите наставници кажуваат дека не можат да ги контролираат дали тие ќе имаат контакт меѓусебе. Затоа, бараме да се разгледа предлогот за скратување на часовите на сметка на одморите и не гледам дека ова е мешање на Народниот правобранител во плановите на МОН и Комисијата за заразни болести“, рече Бајрамовска-Мустафа.