дома Македонија Народно верување: Какво ќе биде времето денес, таква ќе биде годината

Народно верување: Какво ќе биде времето денес, таква ќе биде годината

Православните христијани, денес на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината.

Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.