дома Македонија НАРОДОТ ПЛАЌА, СЈО ЛУМПУВА: Предновогодишна забава на СЈО во ексклузивен ресторан!

НАРОДОТ ПЛАЌА, СЈО ЛУМПУВА: Предновогодишна забава на СЈО во ексклузивен ресторан!

Специјално јавно обвинителство (СЈО) предводено од Катица Јанева лумпува по кафеани, додека граѓаните плаќаат. СЈО вечерва има предновогодишна прослава во елитниот скопски ресторан „Ден и ноќ”, пишува Журнал.нет.

Присутни гости на социјалните мрежи револтирано сведочат дека целиот втор кат од ресторанот е запоседнат, а дел од нив биле испратени и преместени во долниот спрат, заради тоа што на предновогодишната забава славеле некои “важни и високи гости“.


Важните гости се обвинителите од СЈО, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Катица Јанева. Дилемата е дали има и други ВИП гости кои не сакаат да бидат видени во јавноста, а за кои е нелогично да бидат на забава на СЈО.

– Поради важни ВИП гости целиот втор кат од „Ден и Ноќ” е запоседнат. Поради важните гости, другите кои бевме на горниот спрат не преместија на долниот. Фрчат скапи пијалоци, се пушат цигари, пристигна и жива музика, се игра и на маса. Кој плаќа за ваквата фешта?, сведочат на социјалните мрежи револтирани гости кои вечерва се нашле на местото.


Прашањето кое се поставува во јавноста е кој плаќа за ваквата фешта. Многу веројатно е цехот да биде на сметка на граѓаните, платен од милионскиот буџет на СЈО. Ваквата разуданост и раскалашеност предизвикала револт кај гостите.

Претходно, новинарот Миленко Неделковски ја најави закажаната предновогодишна забава на СЈО во ресторанот