дома Актуелно НАРУШЕНА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТЈБА НА ЧАВКОВ: Екс-министерот со нарушено здравје, штрајкува со глад!

НАРУШЕНА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТЈБА НА ЧАВКОВ: Екс-министерот со нарушено здравје, штрајкува со глад!

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од 27-ми април, штрајкува со глад во затворот во Шутка.

Чавков е во тешка здравствена состојба откако пред неколку месеци имаше срцев удар.

Здравјето му е сериозно загрозено, а постоперативно е на медикаменти за срцето. Пред два дена, кога беше приведен, на неговото семејство не им беше дозволено да му ја дадат потребната терапија.