дома Хроника Нарушен јавниот ред и мир во Струга – оштетен инвентар во угостителски...

Нарушен јавниот ред и мир во Струга – оштетен инвентар во угостителски објект

Жител на струшко Радолишта го нарушил јавниот ред и мир во Струга, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 12.12.2021 година околу 01 часот, пред угостителски објект на улицата „Ристо Крле“ во Струга, жител од струшкото село Радолишта, го нарушил јавниот ред и мир со тоа што упатил вербални навреди и закани кон 24 годишно лице од Струга, а, потоа започнал со кршење на инвентарот во објектот, информираше Димоски.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.