НАСА испраќа вселенско летало да се судри со астероид, надевајќи се дека ќе го спречи идниот „Армагедон“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАСА лансираше вселенско летало во вторникот вечерта, во мисија да удри во астероид и да тестира дали би било можно да се урне вселенска карпа или да и се промени правецот, доколку и се заканува на Земјата.

Карпата „Диморфос“ орбитира околу многу поголем астероид наречен „Дидимос“. Двојката не е опасност за Земјата, но им нуди на научниците начин да ја измерат ефикасноста на судирот.

Диморфос завршува една орбита околу Дидимос на секои 11 часа и 55 минути. Целта на проектот „DART“ е судир што ќе го забави Диморфос и ќе го натера да падне на поголемиот астероид, отстранувајќи 10 минути од неговата орбита.

Промената на орбиталниот период ќе се мери со телескопи на Земјата. Минималната промена за мисијата да се смета за успешна е 73 секунди промена на орбитата.

Техниката „DART“ може да се покаже корисна за менување на текот на астероид со години или децении пред да се спушти на Земјата со потенцијал за катастрофа.

Мало поместување „би дополнило голема промена во неговата идна позиција, а потоа астероидот и Земјата нема да бидат на пат на судир“, изјавил Чабот за Глобалњуз.

Научниците постојано бараат астероиди и ги планираат нивните правци за да утврдат дали тие би можеле да удрат во планетата.

„Иако во моментов не постои познат астероид кој е на патека на удар со Земјата, знаеме дека има голема популација на астероиди блиску до Земјата“, изјавил Линдли Џонсон, офицер за планетарна одбрана во НАСА. „Клучот за планетарната одбрана е да ги најдеме пред да бидат закана од удар“.

На DART ќе му требаат 10 месеци за да стигне до парот астероиди. Судирот ќе се случи на околу 11 милиони километри од Земјата.

Десет дена претходно, DART ќе испушти мало набљудувачко летало обезбедено од италијанската вселенска агенција што ќе го следи.

DART ќе емитува видео додека не се уништи при удар. Три минути подоцна, задното вселенско летало ќе направи слики од местото на ударот и материјалот што е исфрлен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This