дома Занимливости НАСА СО НОВО ИНТЕРЕСНО ОТКРИТИЕ: Планета слична на Земјата која може да...

НАСА СО НОВО ИНТЕРЕСНО ОТКРИТИЕ: Планета слична на Земјата која може да се насели

– „Лoвeцoт на планети“ на НАСА, сателитот ТЕСС, ја откри првата планета што може да се насели, која е голема колку Земјата.

Ѕвездата ТОИ 700 по површина зафаќа 40 проценти од површината на Сонцето на Земјата, а нејзината температура е за половина пониска од таа на Сонцето. Оддалечена е околу сто светлосни години од Земјата.

Американската вселенска агенција објави дека ТЕСС пронашол свет со големина на Земјата во кој може да се живее, а предуслов за живеење е присуство на проточна вода, пренесува АФП.

– Средношколец помогнал во пронајдокот

АФП пренесува дека ТЕСС првично пoгрeшнo ја класифицирал ѕвездата, што значи дека планетите изгледаат поголеми и потопли отколку што навистина се. Но, неколку астрономи aмaтeри, вклучувајќи го и средношколецот од Конектикат, Алтон Спенсер, кој работи со членовите на тимот на ТЕСС, посочија на гpeшкaтa.

„Бидејки ги коригиравме параметрите за ѕвездата, големините на нејзините планети се намалија, така сфативме дека најодалечената е со големина на Земјата и е во сферата на можен живот“, рекла Емили Гилберт од Универзитетот во Чикаго.

Откритието подоцна беше потврдено од вселенскиот телескоп “Спајсер”.