дома Европа НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА: Масовни демонстрации во Франција по соопштување на резултатите...

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА: Масовни демонстрации во Франција по соопштување на резултатите од претседателските избори!

Во источниот дел на Париз, на плоштадот Бастиља, вечерва избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата по информацијата дека кандидатот на десницата Марин Ле Пен се квалификувала во вториот круг од претседателските избори, при што полицијата испалила солзавец за да ја растера толпата демонстранти

АФП пренесува дека некои од левичарските демонстранти фрлале шишиња и петарди на полицијата, од каде соопштуваат дека се уапсени три лица.

Би-би-си наведува дека една жена на протестот е повредена и дека се повикани и противпожарните служби.
Неколку стотина млади се собраа на местото каде во 1789 година започнала Француската револуција, а идерот на протестите преку разглас повикал на собир „против Марин и Макрон“.

„Тука сме во знак на протест против имитација на избори“, рекол еден демонстранти за француската агенција.