дома Балкан НАСКОРО НОВА ВЛАДА: По средбата со американскиот амбасадор забрзани преговорите за...

НАСКОРО НОВА ВЛАДА: По средбата со американскиот амбасадор забрзани преговорите за формирање на влада во Косово

Средбите на Движењето Самоопределување со Демократскиот сојуз на Косово се редовни и напредуваат и новата влада ќе биде формирана многу брзо, изјави лидерот на Самоопределување Албин Курти, по состанокот со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

Коха пренесува дека Курти истакнал дека приоритет на новата влада, во која тој ќе биде премиер, ќе биде владеење на правото, бopбата пpотив организираниот kpиминал и високата институционална kopупција, за да се трaсира патот за општествено-сoцијалниот напредок на земјата.

Амбасадорот Коснет изрази интерес за напредокот во разговорите за формирање нова влада и желба институтиците што поскоро да бидат воспоставени, пренесе Косово онлајн.