April 25, 2024, 12:53 pm

Наследникот на Заев ќе биде некој „од внатре“: Премиерот во оcтавка утре на координација во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој најави повлекување и од премиерската и од партиската функција после поразот на локалните избори, денеска ги продолжи интензивните консултации со коалициските партнери во владата, во насока на избор на нов премиер, што повлекува и избор на целосно нова влада, пишува порталот „Фокус.мк“.

Според неофицијални информации на „Фокус“, Заев денеска одржал средба и со лидерот на вториот по големина владејачки партнер – Али Ахмети, кој уште еднаш истакнал дека ја оценува како погрешна неговата одлука да се повлече, посочувајќи му дека треба дополнително да размисли и евентуално да ја отповика ваквата одлука.

Како што велат високи партиски извори, тие не зборувале за конкретно име или имиња кои би го наследиле Заев на чело на Илинденска, меѓутоа Ахмети, но и другите „помали“ владини партнери, предочиле дека, ако веќе одлуката на актуелниот премиер е конечна, неговиот наследник да биде некој „од внатре“.

Имено, Заев првично го тестирал расположението кај партнерите дали би прифатиле новиот мандатар да биде надворешна личност – експерт со натпартиски потенцијал, меѓутоа, неговите партнери сметале дека најдобро решение би бил актуелен член на владата, кој дополнително би имал тежина и авторитет во СДСМ, за да може да сноси одговорност и да спроведува одлуки.

По ваквите внатревладини и меѓукоалициски разговори, Заев утре претпладне треба да одржи координација со партиското раководство на СДСМ, на кое, како што дознава „Фокус.мк“, не се исклучува да стане збор и за профилот на новиот мандатар, а можна е и дискусија за конкретни имиња.

Освен од владините партнери, Заев периодов имал сугестии и од меѓународната заедница уште еднаш да ја преиспита одлуката за повлекување, но, како што тврдат негови блиски соработници, неговата одлука е дефинитивна, особено поради тоа што е резултат на повеќе причини.

Упатените посочуваат дека тој бил разочаран од голем дел од сопартијците, како од потесното раководство, така и од пониските ешалони, кои не ја сфатиле соодветно пораката да го сменат однесувањето кон членовите и граѓаните, но, исто така, разочарување имало и поради застојот на надворешно политичкиот план.

Сепак, извори од владината коалиција истакнуваат дека од повеќе линии стигнуваат сигнали дека Софија во декември може да ја крене рампата за почеток на преговори на земјава со ЕУ, но многумина експерти, како и опозицијата, се скептични дека е можна таква разврска.

Инаку, процесот на транзиција во СДСМ треба да следува по транзицијата во владата, што, според партиски извори,значи дека подготвителниот и преоден период за организирање на изборен партиски Конгрес може да се пролонгира со крајот на годинава.

Во меѓувреме, се прават анализи кои внатрепартиски структури планираат да предложат кандидат за наследник на Заев на чело на СДСМ, но вакви амбиции засега никој не пројавил јавно и отворено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This